fbpx

Вести

Ѓорчев: Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата предводена од Заев, а во ЕУ не сакаат корумпирани држави

Позицијата на Македонија во моментов е како никогаш полоша во македонската историја откако имаме држава. Македонија никогаш не била попонижена и покрадена. Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата, а во Европска Унија не им требаат корумпирани држави, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што мисли народот“ на ТВ стар.
Ѓорчев потенцира дека иако политиката на Заев беше да распродаде се што имаше, да ги руши сите црвени линии кои беа градени со години, сега се покажа дека ЕУ не сака корумпирани држави и влади како таа која ја предводи СДСМ и тоа јасно ни е укажано повеќе пати.
- Во моментов според рангот на Транспаренси Интернешнл, Македонија е најкорумпирана држава во Европа, ја имаме најкорумпираната власт. Кога ќе се стават настрана пофалбите на власта и кога ќе ги видиме бројките, доаѓаме до вистината. Оваа власт го има најголемиот буџет во историјата, дојдовме до 4,5 милијарди евра годишно, а ништо не изградено. Нема ниедна друга власт која толку ги исцедила народот и стопанството како оваа власт, а истовремено да нема ништо испорачано, истакна Ѓорчев.
Тој додаде дека ако ние сме земја која би била како Хрватска кога стана членка на ЕУ, тогаш ќе биде примена, но не сме, бидејќи своевремено не блокираше само Грција, а сега вето имавме и од Франција кое меѓу редови беше поддржано и од земји како Холандија, Белигија и Данска. Забелешките за оваа влада навистина се големи.
- Тие знаат што се случува во Македонија и затоа со месеци, па можеби и година дена никој нема дојдено во Македонија. Со корумпирани политичари европејците не сакаат да имаат работа, нагласи Ѓорчев. 

Последни новости