fbpx

Вести

Јаневска: Спојувањето на предмети е политички мотивирано за бришење на историјата, јазикот и идентитетот

Концептот за спојување на предмети не е во правец на реформа која треба да го подобри квалитетот на образованието, туку дека е реформа зад која се кријат и политички мотиви. Тие се поврзани со моменталната состојба во која се наоѓа нашата држава, со Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на ТВ24.
Јаневска вели дека од Бугарија добивме јасни пораки дека мора да се променат наставните содржини и се бараат промени кои нема да бидат реални факти, туку политичко решение на штета на македонската историја, јазик и идентитет.
- Захариева велеше дека мора да се променат наставните содржини во однос на историјата, идентитетот и јазикот. Цел свет вели дека Германија и Бугарија биле фашистички земји, зошто да ја менуваме научната вистина. Од минатото треба да учиме. Политиката која ја води Бугарија со децении е да се направат промени кои нема да бидат реални факти, туку политичко решение. Прашање е до каде оваа власт ќе оди. Компромисот не треба да бие на наша штета и да се дозволи губење на идентитет, култура и јазик, потенцира Јаневска.
Јаневска исто така нагласи дека самото македонско образование не е ни подготвено за ваков Концепт, а ниту наставниците се доволно обучени
Спорно е затоа што тоа поврзување на предмети можеше да се направи хоризонтално со постоење на сите посебни предмети, со прилагодување на наставните програми и немаше потреба да се спојуваат предмети. 

Последни новости