fbpx

Вести

Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ почнува со протести од утре поради тоа што Заев делува на штета на македонскиот идентитет, јазик и историјата

„ВМРО-ДПМНЕ почнува со протести од утре од 15 до 17 часот на значајни раскрсници во Скопје и во другите поголеми градови во Република Македонија баш поради наши сознанија дека преговорите со Република Бугарија не одат во корист на Македонија, туку како што беше „бетон“ името, сега се „бетон“ идентитетот, јазикот и историјата“,рече Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 Анализа“.

Јаневска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има информации дека се случува нешто многу сериозно кое ќе биде на штета на македонскиот идентитет, на штета на македонскиот јазик, на штета на корените.
„И ние сме приморани поради нетранспарентното делување на оваа Влада и држење на ВМРО-ДПМНЕ во изолација, да ги преземеме овие чекори за да го алармираме нашето население, целокупното население во оваа држава што се случува“, појасни Јаневска.

 

Последни новости