fbpx

Вести

Јаневска до Царовска: Обуките на наставниците се површни, изгледа дека Вашиот тим се изгубил и не Ве брифира како што треба

„Министерке мене ми е многу жал што Вие не сте доволно информирани Вашата служба потфрлила и треба сериозно да се распрашате кај нив како течат обуките и дали не е вистина она што јас го кажувам. Простете, но мислам дека лошо Ве брифираат. Вие прво велевте дека дигиталните уреди ќе бидат само за на училиште, па пред две недели или сега скоро рековте дека ќе бидат само за дома. И мислам дека во еден хаос на една концепција која е само некаква замисла, идеја која требаше да прерасне во програма , во проект со детали, мислам дека некаде Вашиот тим се изгубил и не Ве брифира како што треба“,истакна Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 Анализа“ обраќајќи се на Царовска.

Јаневска апсолутно тврди дека тоа што го кажа за обуките дека не се одвиваат во најдобар ред е точно, и одговара пред тоа секако.
„Не можеме наставниците да ги пуштиме во првите борбени линии неподготвени„, нагласи Јаневска.
Јаневска додаде дека течат обуки на наставниците но не се од релевантни институции, туку се одвива од обучувачи арбитрарно избрани. Тие обуки се површни. Нудат некои презентации, но не нудат ниту решенија, ниту одговори.

 

Последни новости