fbpx

Вести

Јаневска до Царовска: Кога ќе се вратиме на власт ќе видите како треба да се прават реформи во образованието

„Ниту во минатото лажевме, ниту сега лажеме, а обмислувањето на реформите од наша гледна точка и до ова што Вие го правите е драстично различно. И она што ние сме го предвиделе, Вие не можете да знаете бидејќи не не слушате. Да не слушавте на сите наши пресови, и сите наши соопштенија, Вие ќе знаевте што планираме, и како планираме“, истакна Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 Анализа“, обраќајќи се на министерката Царовска.
Јаневска додаде дека министерката Царовска единствено повлекува учебници по политички барања наместо да им го подобри образованието на учениците.
„Кога ќе се вратиме на власт ќе видите како треба да се прават реформи во образованието“, нагласи Јаневска на Царовска.
Јаневска посочи дека лагата е единствено карактеристика на власта предводена од СДСМ.
„Лагата е карактеристика на оваа власт почнувајќи од премиерот па кон сите други. Кога ќе ги прашате луѓето што е карактеристика на власта на СДСМ, велат промена на името, лагата, манипулацијата и корупцијата. И тоа не го измислив јас, тоа го кажуваат луѓето“, рече Јаневска. 

Последни новости