fbpx

Вести

Чешми за 60,000 денари, греди за 35,000 евра, лед сијалички за 60,000 денари, метлачки за 90,000 евра во клановска поделба на тендери и расипничко владеење на СДСМ

 

Дејан Митески Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром вечерва во Алфа телевизија во „Што не е јасно“ истакна дека расипничка и недомаќинска е распределбата „клановска“ на тендерите и трошењето на народните пари од страна на СДСМ.

-Клановска е поделбата на тендерите, една фирма ги добива тендерите од Град Скопје, за една иста работа и воспоставува еден вид монопол врз една иста работа, како што се случува и во Аеродром, се случува и во Гази Баба и во Карпош и во Центар, но морам да признаам дека цените на тендерите се убедливо највисоки во општина Аеродром, а се работи за неколку фирми за неколку видови на јавни набавки, одржување на осветлување, водоводи, детски игралишта и нивна реконструкција,очигледно нашле проодна област во која можат да пенетрираат длабоко со сомнителни јавни набавки, вели Митески.
Тој наброи неколку примери и тоа: Една фонтана за пиење на вода чини 60,000 денари, едно копче за пуштање на фонтана чини 6,000 денари, се оди безобразно до таму да се наплаќа пуштање и затворање на чешмичката со по 6,000 денари; Кубик обични греди цена од 35,000 евра и ова е најненормалната цена, една креда од еден метар во цена од 350 евра, безобразно; Ќе спомнам и за канделабри, каде една лед сијаличка се наплаќа по 40,50, па дури и 60 илјади денари; Обрачи за кош кои чинат 15,000 денари, а може да замислиме колку лини цел кош, една голема метлачка чини 90,000 евра, набројуваше Митески.
-Ова се фрапантни цени кои говорат за едно недомаќинско расипничко трошење на нашите пари кои можат да бидат искористени за корисни работи за сите жители на општина Аеродром, и тоа во сред корона пандемија, недозволиво е една општина да троши на вакви цени, а општина Аеродром набавуваше униформи за ученици во сред пандемија кога учениците не одат во школо, а за тоа беа потрошени 200,000 евра, критикуваше Митески вечерва во Алфа телевизија.

Последни новости