fbpx

Вести

Муцунски: Градоначалниците на СДСМ немаат никаква грижа за локалниот развој, се што ветиja не исполниja

„Високата корупција и огромниот број на секојдневни скандали кои што ќе излегуваат за власта дефинитивно ќе има свое влијае на претстојните локални избори“,истакна  Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Муцунски додаде дека доста голем број на скандали објави опозицијата и медиумите.

„Јас барем во последен период не се сеќавам на поголем број, еве на еден корупциски скандал кој што е идентификуван од страна на МВР или од страна на ЈО. Опозицијата и медиумите се тие кои што се борат во оваа држава, во Република Македонија против високата корупција“, нагласи Муцунски.

Муцунски посочи дека од огромен број на градоначалници на власта има крајно незадоволство од страна на граѓаните за решавање на нивните локални проблеми.

„Градоначалниците на СДСМ немаат никаква грижа за локалниот развој. Продолжува таа пракса која што ја има СДСМ, многу работи ветени во Програмата во 2017-тата година, и никаква реализација“, кажа Муцунски.

 

Последни новости