fbpx

Вести

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифаќа форма на политичка уцена од страна на парламентарното мнозинство

„Нема ниту бојкотирање, ниту блокирање во Собранието, има користење на механизми кои што се типични за парламентаризмот, ако алудирате и на тоа за правење и неправење на кворум .Точно е дека ова е едно средство кое што ВМРО-ДПМНЕ го користи, но исто средство кое што и СДСМ и ДУИ го користат. Така да во рамките на еден нормален дух на парламентаризам се случуваат одредени тековни процеси, но тоа што е најбитно е тие што се суштински закони посебно поврзани со економската помош, здравствената заштитат, Собранието во ниту еден момент не се поколеба дали треба или не треба да се донесат“, истакна  Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Муцунски додаде дека улогата на опозицијата е да ги критикува законите кои што не се во корист на граѓаните со цел да се донесат подобри закони. Улогата на опозицијата е и да нуди решенија.

„Доколку Владата и парламентарното мнозинство имаат желба опозицијата да прифаќа што поголем број на закони кои што се предложени од нив, тогаш треба да има капацитет да ги прифаќа амандманите и да ги прифаќа забелешките кои што ги дава опозицијата. Доколку не се прифаќаат забелешките кои што ги сметаме за суштински, е тогаш ќе правиме се што е можно да не се носат“, појасни Муцунски.

Муцунски посочи дека од страна на парламентарното мнозинство недостасува култура на дијалог.

„Но се оди по улица во еден правец, практично решенијата се земи или остави, и ние како опозиција немаме намера да прифаќаме да таква форма на политичка уцена“, нагласи Муцунски.

 

Последни новости