fbpx

Вести

Мицкоски: Спомнатата „СВ Инвест” каде Ковачевски сакал да се префрлат пари е свесно турната под стечај, проверен модел за пљачка и испумпување на пари

Во денешното издание на „360 степени” на Алсат М телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека во Македонија од 2018-та до денес власта врши пљачка и криминал. Постои модел кој власта го создала за испумпување на народни пари од државата, особено преку РЕК Битола. Но, тоа не е единствен случај. Најновиот е, вели Мицкоски со компанијата „СВ Инвест” која од минатата недела е влезена во стечај.

„Фирмата „СВ Инвест” оди во стечај. И тоа е поради сериозни суми неплатен данок, милионски суми на неплатен данок. Тоа е проверена работа и тоа не е прв случај. Ако го анализирате случајот на една пропадната банка и ако видите колку компании кои што гравитираат околу семејството Заеви, во Струмица немаат платено обврски кон таа банка или пак определени давачки кон државата ќе ви стане јасно се. Тоа е проверен модел за овие луѓе. Ова не е патентирано сега само или како исклучок за компанијата „СВ Инвест“. Еве погледнете го списокот на компании кои што да речеме не си ги исполниле обврските кон „Еуростандард банка“ која што сега е во стечај, а кои што се од Струмица. И некако јавноста знае дека тие се поврзани со семејството на власт“, посочи Мицкоски.

Едноставно е, рече Мицкоски. Станува збор за криминал и пљачка.

„Овие три години од први јануари 2018-та до 31 декември 2020-та година бруто домашниот производ во Македонија пораснал за 700 милиони евра, јавниот долг пораснал за една милијарда и 700 милиони евра. Една милијарда фали, украдена е. Ја нема“, изјави Мицкоски.

 

Последни новости