fbpx

Вести

Мицкоски: Сакав да направам иронија за случајот рекет на Вице, не правам никаков чекор наназад, нема човек од кој се плашам, а најмалку на криминалната фамилија Заеви

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „360 степени” на Алсат М телевизија околу својата вчерашна изјава во врска со случајот „Рекет на Вице” која ја даде за медиумите во Прилеп, истакна дека не ретерирал туку дека иронично се обратил до Обвинителството да истражи кое лице е вмешано во скандалот со РЕК Битола.

„Јас претпоставувам ја разбравте иронијата и сарказмот во мојата изјава, инаку јас зборував токму тоа лице Вице Заев и оваа фамилија на власт дека се длабоко замешани во вакви скандали уште многу пред ова да се објави на македонската јавност“, истакна Мицкоски.

Мицкоски во текот на емисијата рече – „Тоа беше дадено малку така повеќе саркастично и иронично, но очигледно дека политичкото изразување треба да биде подиректно и поконкретно. Но, еве благодарам на можноста да појаснам за да не биде дека како што вие велите правиме чекор наназад од брифингот, напротив само можам да го потврдам“.

Нормално е дека тие што се вмешани во овој скандал ќе го демантираат тоа рече Мицкоски.

„Нормално е седека нема да го потврдат тоа, вие зарем очекувате да излезат и да речат браво Мицкоски во право беше, не фати. Сигурно нема тоа да се случи“, вели Мицкоски.

 

Последни новости