fbpx

Вести

Арсовски: Недомаќинско трошење на пари е шамар кон граѓаните

 .

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека недомаќинското трошење на парите на граѓаните за било какви прослави и луксузирање, што е актуелно и со набавката на луксузни лимузини за ФЗО е само показател за расипништвото на власта.

– Ова недомаќинско трошење на пари е директен шамар кој власта им го мава на граѓаните кои немаат егзистенцијални приходи за да преживеат. Дополнително сакам да истакнам дека злоупотребата на овие пари за лични партиски цели и поени не може да ја надополни неспособноста на власта да го подобри стандардот и животот на граѓаните – изјави за Слободен Печат, Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Последни новости