fbpx

Вести

Стојаноска: Додека СДСМ подготвуваше закон со кој само богати можат да се лекуваат во приватни болници, ВМРО-ДПМНЕ бараше бесплатно лекување за сите граѓани

„Република Македонија согласно членот 39 став 1 од Уставот на секој граѓанин му го гарантира правото на здравствена заштита, а граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите. Членот 55 од Уставот на Република Македонија откако во ставот 1 ќе ја гарантира слободата на пазарот и претприемништвото, а во ставот 2 еднаквата положба на сите субјекти на пазарот, во ставот 3 утврдува дека слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата и животната средина или здравјето на луѓето. Ова го споменувам за тоа што во предлог законот за дополна на Законот за здравствена заштита како што го имавме минатата недела на Пленарна седница, а поднесен од владејачкото мнозинство со закон предлагаат да се забрани вработување на здравствен персонал од јавното здравство за време во пандемијата во приватното здравство што е сосема спротивно на Уставот, за тоа го прочитав овој член“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Стојаноска додаде дека на Комисијата за здравство не се изнајде заеднички јазик со владејачкото мнозинство за да се изготви заеднички еден предлог закон за дополна на Законот за здравствена заштита со кој што не само на хартија туку навистина ќе се успее да им се помогне на луѓето на кои што во оваа пандемија навистина се борат за својот живот и здравје.
„Во самиот предлог на закон од министерот Филипче стоеше односно се потврдуваше дека преку 85.000 граѓани на Република Македонија живеат со не повеќе од 46 денари на ден. А, тоа значи дека навистина ако носиме некој закон и ако истиот го поддржуваме тој навистина мора да значи помош за овие луѓе“, појасни Стојаноска.
Стојаноска посочи дека што се однесува до актуелната состојба со пандемија до вчера односно до 17-ти мај, имаме конечни бројки од 154.725 заразени, 5.230 смртни случаи.
„Во предлог законот на владејачкото мнозинство имаше предлог за изедначување на цените во приватното и јавното здравство. Но, во приватното здравство цените се ограничуваат со лимит меѓу 40 и 305.000 денари но се потенцира за пациенти кои што по своја волја ќе изберат да се лекуваат во приватното здравство и за тоа го нареков тој закон како закон за бенефиции на луѓето кои што имаат пари односно на богатите граѓани во Република Македонија кои што по своја волја ќе изберат да се лекуваат во приватното здравство“, рече Стојаноска.
Стојаноска укажа дека предлогот на закон на ВМРО-ДПМНЕ се состои од неколку предлози и барања преточени во законско предлог решение, и се бараше бесплатно болничко лекување за сите пациенти од КОВИД-19 и во јавното и приватното здравство.

 

Последни новости