fbpx

Вести

Јаневска: Дебакл е онлајн наставата, Царовска требаше да ги внесе наставниците во приоритетна група за вакцинирање за од септември да имаме настава со физичко присуство

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија гостуваше Весна Јаневска претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ при што говореше дека дигитализацијата која што ја предвидува Царовска ќе ги уништи идните генерации, но се осврна и на дебаклот со онлајн наставата која што не е успешна реформа на министерката.

„Не ми се верува дека училиштата ќе можат да обезбедат т.н. библиотечен фонд на дигитални учебници за секое дете да има. Но, ако министерството и одвои средства за дигитални уреди таа треба да даде на секое дете во Македонија дигитален уред“, појасни Јаневска.

Јаневска рече дека не само децата од ранливите семејства треба да добијат дигитални уреди, туку и децата чии семејства се на работ на групата на ранлива категорија.

„Како родители на две деца ќе им обезбедат два лаптопи, два компјутери“, запраша Јаневска.

Јаневска истакна дека ниту еднаш министерката не кажа дали дигиталните уреди ќе стојат во училиштата, или децата ќе ги носат дома.

„Исто така добиваме информации дека онлајн наставата воопшто не е успешна. Наставниците генерално си ја вршат својата работа, тие се најавуваат во осум часот, држат предавања. Меѓутоа резултатите од таа настава се поразителни. Учениците, огромен број на ученици, определен дел од часови обично утринските, првите и последните часови само се приклучени, а не се присутни. Се случува да се приклучени, а во меѓувреме да играат некоја игра, да се наоѓаат во кафуле. Кога ќе ги прозве наставникот да ги праша, нив ги нема, па измислуваат некакви приказни. Самите деца кажуваат дека платформата дозволува да се снајдат односно да препишат. И од тука произлегува дека оваа онлајн настава во земја во која нема традиција за такво нешто се покажа неуспешна“,истакна Јаневска.

Јаневска додаде дека реформата не е успешна со онлајн наставата иако министерка се фали дека е доста успешна, но учениците, родителите и наставниците знаат колку е „успешна“.

„Насушно е потребно учениците и наставниците да се вратат во клупите. Да имавме ние поорганизирана власт или да бевме малку поорганизирана држава, ќе направивме како што направија другите држави и ќе си набавевме на време вакцини, па сега пред крај на школска година ќе им соопштевме на родителите дела треба да се подготвуваат, да ги образуваат своите деца, на наставниците да се подготвуваат, на учениците да се подготвуваат за настава со физичко присуство. Ама ние во земјава немаме ниту една единствена Фајзер вакцина“, рече Јаневска.

Јаневска посочи дека Фајзер соопшти дека нивната вакцина е безбедна за децата над 12 години. А министерката требаше наставниците да ги внесе во приоритетна група за вакцинирање за да може од септември да се одвива настава со физичко присуство.

 

Последни новости