fbpx

Вести

Јаневска: Реформите на Царовска нема да бидат успешни туку ќе допринесат до поголем проблем во образованието и до послаб успех на учениците

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ денес гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија говореше за штетните политики и реформи на Царовска во образованието кое истото таа ќе го крахира.

„Мене појавата на оваа фејсбук група „Учебници и настава треба да има“, воопшто не ме изненади. За тоа што имаше бројни реакции на социјалните мрежи но и заради гласините кои што стигнуваат до мене има огромно незадоволство и од родителите, наставниците, но и од учениците. Таа фејсбук група од рок на неколку дена достигна околу 76.000 члена, што е сигурен знак дека народот односно оние кои што се осмелиле да реагираат имаат и безброј прашања, но имаат и цврсти ставови во однос на дигитализацијата“, истакна Јаневска

Јаневска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, ниту сака, ниту може да му забрани на било кој член, наставник, родител, па и од младите ученици да отидат на протест.

„Дали го подржуваме протестот? Начелно да, нашите ставови ни се исти, ние долго време уште од март месец наваму кога веќе се појавија концепцијата, па потоа Законот за учебници, па Законот за наставници промовираме речиси идентични ставови во однос на зачувување на печатените книги, и за настава од септември во училница и на учениците и на наставниците“, рече Јаневска.

Јаневска посочи дека ниту еднаш власта не го послуша гласот на ВМРО-ДПМНЕ, иако ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија и пресови апелира дека реформите на Царовска се штетни за учениците, наставниците, за целиот образовен систем.

„Јас ги охрабрувам сите кои што не се согласуваат со оваа реформа и овие нови закони треба да го кренат својот глас, и наставниците не само родителите, за тоа што и тие се дел од реформата која многу тешко ќе ја минуваат“,истакна Јаневска.

Јаневска во текот на емисијата нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да ги дозволи овие штети реформи на Царовска да се реализираат.

„Жал ми е што луѓето во партијата се приморани да поправаат  тешки грешки на власта. Се разбира дека сето ова се ќе биде преработено, она што е обврска во однос на кредитот си е обврска во однос на кредитот. Ќе се потрудиме доколку дојдеме побргу на власт да исполниме тоа што е договор со Светска банка, но едукациите на наставниците ќе бидат различно организирани, средствата ќе бидат корисно искористени не за мебел туку за тоа што им е потребно на учениците и на наставниците. И апсолутно целата концепција ќе биде променета“, истакна Јаневска.

 

Последни новости