fbpx

Вести

Николоски: Датум нема да има оваа година, дајте да има инфраструктура, Заев треба да отиде во Брисел со готови проекти, а не да има желби

„На крајот на април земјите членки на ЕУ се договорија дека ЕУ ќе троши 260 милијарди евра годишно во зелени проекти. Од кои што еден од клучните зелени проекти е да се намалат авионите, а да се зголеми транспортот со возови.За таа работа за Западен Балкан, за нашиот регион има девет милијарди евра грант и 20 милијарди евра кредит. Почна да се гради брза пруга од Будимпешта до Белград, Вучиќ отиде во Брисел и си доби 650 милиони евра грант да ја гради од Белград до граница со Македонија“,истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Николоски додаде дека Зоран Заев отиде во Брисел и не доби ништо бидејќи владата нема готови проекти.

„Зоран Заев отиде во Брисел, и не доби ништо. Знаете зошто не доби ништо? Затоа што Македонија нема готови проекти. Апелирам да почнат да работат на проекти за железница, прва брза пруга Скопје-Солун, втора довршување на потегот кон Бугарија, трета електрификација на две пруги, едната е од Скопје до Кичево и втората е од Битола до Клеменица и до Лерин и третиот проект на кој што апелирам да  работат е продолжување на пругата од Кичево до Охрид-Струга како би се отвориле Скопје и Кичево кон Драч односно би се развило целото стопанство“, рече Николоски.

Николоски посочи дека за да има пари за инфраструктура Заев треба да отиде во Брисел со готови проекти, а не да има желби.

„Јас кажав мојот сон е да седне човек на железничка станица во Скопје и со воз за час и половина да е во Солун. Датум нема да има оваа година, дајте да има инфраструктура, да има пари за тоа што на крајот на денот на луѓето им е битно за колку време ќе се на одредена дестинација“, појасни Николоски.

 

Последни новости