fbpx

Вести

Николоски: Реформите со дигитализацијата се поради лукаративни цели на Царовска кои ќе чинат 125 милиони евра

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 говореше за дигиталните учебници кои ги наметнува власта со кои ќе уништи многу генерации на млади луѓе преку образовниот систем.

„Причина зошто се форсира дигитални учебници е тоа што одредени компании од Хрватска поврзани со нејзини лукаративни интереси и дали вкупно за пет години треба да се потрошат 125 милиони евра на овој проект на еден крајно сомнителен начин“, појасни Николоски.

Николоски додаде дека едно е компјутер за секое дете, а сосема друго е дигитални учебници.

„Има тука два дела со кои што не се слагаме, прво, книгите како книга се незаменливи во образовниот процесна децата за тоа што образовниот процес не е само стекнување на знаење, тоа е еден цел систем на социјализација. На пример Франција пред неколку дена министерот за образование кажа дека забрануваат секаков електорнски уред во школите за сите деца до 15 години. Веројатно не се будали во Франција да забранат да има било како електорнски уред до 15 години. Направиле истражувања, претпоставувам дека премногу ги има веќе електронските уреди, дека децата дома ги користат, дека ги користат и во школо и дека едноставно губат социјализација и губат друг начин на едукација. Тоа е првата причина зошто сме против. Втората, дали некој во Македонија виде како ќе изгледа тој дигитален учебник. Не. Излегуваат, промовираат, но не кажуваат како ќе изгледа од причина што повторувам имаме сомнеж дека има лукаративни интереси“, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека последното нешто што не го знае јавноста теоретски доколку се реализира овој проект од септември ни дигитални, ни печатени учебници за прво и за четврто одделение ќе нема, за тоа што во делот на законот се предвидува дека учебниците централизирано ќе ги издава Бирото за развој на образование и истото ќе избира текстови кои што ќе одат на конкурс. А, конкурсот во законот пишува ќе се случува помеѓу месеците октомври и мај. Што значи дека утре да помине законот веќе нема печатени учебници за тоа што тоа го пишува погоре во законот, а дигиталните не може да има за тоа што сами напишале во законот дека конкурсот трае во октомври и мај што значи дека нема време да се подготват.

„Ако помине законот сега како што предвидува Мила Царовска за четврто одделение ниту дигитални учебници ќе има, ниту печатени учебници. Децата ќе одат во школо без учебници“, нагласи Николоски.

 

 

 

Последни новости