Владеачкото мнозинство не е подготвено за декларација која ќе биде усвоена во Собранието, затоа што калкулираат со идентитетот, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на гостување во емисијата Објектив на МРТ.

Треба да донесеме заедничка декларација која ќе биде пандан на декларацијата на Собранието во Бугарија.

„Треба декларација за да се имаат црвени линии. Треба да кажеме дека овие црвени линии не моѓе да се преминуваат кој како дојде на власт. Во Бугарија ставот не се менува, а ќе има пак избори“, рече Ласовска.

Според Ласовска почна да се зборува се повеќе за северномакедонци.

„Ова е тема на дискусија поради Договорот од Преспа“, рече Ласовска.

Таа напомена пример за упис на децата во прво одделение каде стои прашања дали вашето дете е родено во Република Северна Македонија.

„Децата кои сега се упишуваат во училиште не може да се родени во Република Северна Македонија, туку се родени во Република Македонија. Со ова почнува лажирање“, рече Ласовска.