fbpx

Вести

Андоновски: Со реформи каде Луј Витон ташни се шетаат од кабинет на премиер во кабинет на министер нема да добиеме поддршка во Европа

 

Со вакви реформи каде се шетаат со Луј Витон ташни од еден кабинет на премиер до кабинет на министер, нема мотивација кај било кој во ЕУ да не прими и да ја притисне Бугарија да се повлече за Македонија да биде дел од ЕУ,  вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во Топ Тема на Телма.

Тој истакна дека што оваа влада на СДСМ нема резултати кои ќе ги прикаже пред европските политичари за да тие ни помогнат и да ја притиснат Бугарија.

- Проблемот во реформите е што мора да направите да бидат атрактивни за ЕУ, да може европските политичари да ја стопираат Бугарија се додека Македонија не отпочне преговори. Тоа значи дека кога одат во ЕУ треба да одат со  силни реформи, со раст од 5 или 6% на БДП, со вакцинирано население, со нови инвестиции, помала невработеност, со изградба на школи и градинки, тогаш Македонија ќе покаже дека може да биде дел од ЕУ и во ЕУ ќе и кажат стоп на Бугарија, рече Андоновски.

Андоновски во однос на лобирањето вели дека СДСМ не ги пополни амбасадорските места, немаме амбасадор ни во Бугарија, ни во клучните европски центри.

- Од една страна е вицепремиерот Димитров, од друга страна министерот за надворешни работи Османи и таа фрикција помеѓу нив двајца создава проблем бидејќи има неизедначена политика. Тоа го кажа и самиот Димитров кој кажа дека немал поддршка од МНР. Имаме и неусогласени ставови. Плус изјавите на претседателот кој викаше дека се срами од некои политики. Сето тоа кога имате три фигури и создава проблеми во кревката мрежа.

Последни новости