fbpx

Вести

Стојаноска до Каевски: Правдата што ја ветувавте ја нема никаде во Рекет 1, Рекет 2, Мафија1, Мафија2, Рашковски, Дака и многуте тендери на Филипче


-Ние имаме наназад во време на вашето владеење мноштво на скандали, Рекет 1, Рекет 2, Мафија1, Мафија2, Рашковски, Дака, многуте тендери на Филипче каде е тука вашата транспаретност и правдата за сите, апсолутно нема правда за секого, во оваа држава судските процеси се интензивираат за обвинет човек којшто бил или е член на ВМРО-ДПМНЕ, се друго се трга на страна или се одолговлекува, или се обвинуваат некои „ситни риби“, за овие поголемите да се заштитат од океанот на вашите криминалци, порача Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, вечерва во Канал 5 телевизија.


Нема правда-нема мир беше ваша парола, тоа го ветувавте на овој народ, а правдата ја нема никаде – вели Стојаноска.


Таа критикуваше дека со СДСМ на власт цвета криминалот и држава сме во која криминалот и корупцијата цветаат, економијата тоне и долговите се во бескрај, таква држава ни сервираше власта и годините на владеење на СДСМ.

Последни новости