fbpx

Вести

Мизрахи: Пауновски не беше разрешен поради пркос, туку затоа што со Македонија владее монархот Заев

Опозицијата не може да и прави кворум на власта или на владеачкото мнозинство, рече Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина говорејќи за обвиниувањата на адреса на опозицијата дека го блокира Собранието.

Според неа мора да има простор и да се прифаќаат амандмани од опозицијата.

Мизрахи се осврна и на разрешувањето на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат.

-Моето разрешување од позицијата технички минитстер беше поради мојата Македонија. Ова разрешување на Пауновски од ДПИ е резултат на тоа што не биле разрешени работите во коалицијата, тоа не може така, институциите се над индивидуата, тој си ја бранеше институцијата, а тој не е разрешен поради пркос, туку затоа што во Македонија владее монарх, владее Заев, рече Мизрахи.

Говорејќи за реформите во образованието Мизрахи рече дека со реформи не се брза прво се прават анализи.

-Избрзаните реформи секогаш носат вакви резултати, и не само во образованието, туку секаде. И ние немаме анализа за тоа каква есостојбата во училиштата, туку се тргна со реформа, па дека нема да има историја, па хемија и физика ќе се спојат, и на крајот доаѓаме до електронски учебници. Јас почнав да истражувам колку имаат интернет, колкава е брзината и слично. Околу 57 проценти е покриеноста со интернет, а 28 со брзина за даунлоуд и уплоуд, а ова министерката сигурно го знае. Никој не учи од електронски материјал, туку од хартија, рече Мизрахи.

 

Последни новости