fbpx

Вести

Мизрахи: Во Собрание Заев зборува за Фридом хаус и вели дека сме правна држава, а таму сме дефинирани како хибриден режим

Правната држава требаше да дојде на крилјата на СЈО, лидерот на СДСМ е аболициран криминалец, ни се случи Ден Дончев, а Транспаренси вели дека сме на 111 место, извештајот на Стејт Департмент осудува корупција. Премиерот се дрзна да зборува за извештајот на Фридом хаус и да збори за правна држава, а таму ние сме дефинирани како хибриден режим. За која правна држава зборува Заев, посочи Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Според неа често се зборува за демократија, а тоа е збор кој се злоупотребува.

„Кога има хибриден режим нема демократија. Ние имаме лоша оценка за политичка култура. Власт значи парламентарно мнозинство, и поредокот во државата се креира од власта. Опозицијата не може да креира ваква атмосфера за каква зборува власта“, рече Мизрахи.

Говорејќи за работата на Собранието, таа посочи дека треба да се работи стриктно според правните норми.

„Во Собранието дојдоа двајца позитивни пратеници, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше протоколите, претседателот на Собранието не сакаше да ги достави. Левица бараше и доби протоколи во кои гледаме дека се изработени од генералниот секретар. Здравствен протокол изработува генерален секретар на Собрание и плејада луѓе. А и не зборуваат за позитивни ковид, затоа следеа кривични пријави. Со ова Собранието стана циркузијата“, кажа Мизрахи.

Последни новости