fbpx

Вести

Арсовски: Секогаш кога Заев сака да носи закон од кој ќе има профит се носи на сила и се силува Собранието

Во однос на Собранието, се што сака владата да донесе како закон, буквално се носи на сила и се силува Собранието. Тоа е така е затоа што секој закон или со носи заради личен бенефит за власта или некој функционер од власта, како што беа законите за литиумски батерии или за законот на Заев за одгледување на канабис, изјави за „Филибастер“ на Радио лидер, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски истакна дека Собранието е блокирано заради неспособноста на власта, и поради потребата од негова функционалност претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја побара лидерската средба, каде се дискутираше одблокирање на Собранието, но не по секоја цена.

-Во однос на блокирањето на одредени закони од страна на опозицијата, Арсовски вели дека се блокираат закони единствено кои се штетни и кои Заев сака да си ги донесе заради провизии и лична корист.
ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше овие закони од рационални причини и во интерес на граѓаните. Законот за Клинички центар е во три листа, а е закон од половина милијарда кој може да достигне милијарда и е тотално необјаснет, без студија без никакво детално објаснување, каде и како ќе се трошат парите. Ние не можеме таква работа да гласаме. Сите знаат дека единствена намера на оваа власт е од секој еден проект да заработат провизии. Така беше и со набавката на ваккцини, истакна Арсовски.

Тој посочи дека иако власта сака да прикаже дека се работи за детсрукција на опозицијата, реалноста е дека деструктивна е само власта и тоа се покажа од нефункцонирањето на Собранието и нивното силување на законодавниот дом.

– Сите светски еминентни извештаи покажаа дека се практично хибриден режим, од Економист и Транспаренси интернешнл и на сите други тонеме заради оваа власт, нагласи Арсовски.

Последни новости