fbpx

Вести

Прво здравјето на граѓаните, а потоа избори за кои мора да има услови за да бидат фер и демократски

Новиот парламентарен состав ќе ги разгледа уредбите донесени од владата во овој период на вонредна состојба и сигурен сум дека сите поврзани со корона вирусот новиот парламентарен состав ќе добијат зелено светло. Но, има и многу уредби кои немаат допирна точка со кризата. Владата го користи моментот за да задоволи одредени групи и свои интереси со цел побрзо да има избори. Со ова пак покажуваат дека не ги интересира здравјето на граѓаните, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21.

Во контекст на темата за избори Мицевски посочи дека не сака да лицитира со датум на избори.

-Нас како на партија важно ни е здравјето на граѓаните, а еве имаме денес и голем број на позитивни на корона вирусот или 33 лица. Тоа се должи на фактот што малку се прават тестови на дневна основа. Дополнтелно за избори ќе треба подготовки како средување на изборниот список има починати лица, има лица кои се стекнале во меѓувреме со право на глас, тука е и прашањето што со набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, односно дали ќе се отворат границите и ќе може да дојдат тука, рече Мицевски.

Мицевски потенцираше дека кога се зборува за избори треба да се мисли и да бидат фер и демократски.

-Во ваква ситуација не знам колку лица ќе сакаат да излезат и да гласаат. Гледаме каква паника се создава кај граѓаните кога некој ќе им се приближи, кога има повеќе лица на пример во продавниците. Како тогаш ќе се одвива гласањето, тоа е многу важно за да имаме фер и демократски избори, посочи Мицевски.

Последни новости