fbpx

Вести

Ако се одеше на опција да се состане Собранието Македонија ќе ја извадевме надвор од шините на правото

На 24 април го кажав истото што го кажа и потврди од Утавниот суд, а тоа е дека македонското Собрание се распушти со едногласна одлука или од сите присутни на седницата 108 пратеници и се додека е полноважна оваа одлука Собранието не смее да заседава. Ако е поинаку ќе ја извадевме Македонија надвор од шините на правната држава, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21.

Според него Собранието со самиот чинна распушатање престанува да работи и нема основ да се состане. Тој посочи дека во оваа ситуација пратениците го враќаат мандатот.

-Уставот кажува кој во вонредна состојба ја презема улогата да носи уредби со законска сила. Тоа што дел од донесиените уредби се во контекст на крзизата, но дел не се. Владата го користи моментот и носи уредби кои немаат врска со актуелната состојба. Тие уредби сите ќе подлежат на разгледување од новиот парламентарен состав по изборите, рече Мицевски.

Последни новости