fbpx

Вести

До овој момент никој нема добиено помош од државата

Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во своето гостување во емисијата „А што не е јасно“ на телевизија Алфа истакна дека и покрај кажувањата на Владата на СДСМ до овој момент ниту една компанија нема добиено никаква државна помош во справувањето со корона кризата. Тој напомена дека дури и првиот пакет со безкаматни кредити за помош на стопанството се уште не е распределен.

-Мислам дека бројката колку компании, мали средни претпријатија, занаетчии побарале помош не треба да е критериум за успешноста или неуспешноста на некоја мерка. Имено знаеме дека побараа помош уште пред два месеци кога настапи кризата и беше јасно што ќе се случува. Факт е дека до овој момент никој нема добиено никаква помош. Се се објаснувања, дообјаснувања, менувања на условите, аплицикации и слично. Дури се надевам дека не грешам оние 4,7 милиони евра од првиот пакет наречен Ковид 1 од македонска развојна банка, каде што можеа да аплицираат за безкаматни кредити претпријатија погодени од првиот удар на кризата и оние од угостителскиот сектор, се уште не се распределени средства, вели Славески.

Последни новости