fbpx

Вести

Владата на СДСМ нема никаков план и стратегија како да се постави кон прашањето со Бугарија

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија 24 зборуваше за блокадата која ја најави Бугарија кон Македонија каде посочи дека владата на СДСМ и дозволува на Бугарија да се постави во ваква состојба.

-Не е наше да зборуваме што прави бугарската страна. Ние треба да ги заштититиме нашите национални интереси. Јас жалам што ние имаме една влада во последните 3 години создаде пракса на надворешно политичко однесување кое што по мене сега и дозволува на бугарската страна да се постави вака во овие состојби, така да проблем е што мислам дека нема план и стратегија како да пристапи кон ова прашање, нема желба за консензус и тоа што ќе се бара повторно како што се случи тоа со Грција консензус по секоја цена на штета на националните интереси. Тука е проблематичниот однос, истакна Муцунски.

Последни новости