fbpx

Вести

Попустливата надворешна политика не доведе до ситуација да Република Македонија отвара прашања за историјата и јазикот

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за заклучоците од Самитот во Загреб каде истакна дека попустливата надворешна политика не доведе до оваа ситуација.

-На тој Самит му претходеше и Самит на Европската Народна пртија каде приствуваше претседателот Мицкоски и потпретседатело Николоски каде практично се изгради една рамка каде што гледам понатаму беше усвоена како и заклучоци на самитот кој што подоцна се одржа на шефови на држави и влади. Очекувано целиост свет е обремен со состојбите поврзани со ковид 19 и политиката нема главно значање. Да се надеваме дека бројките ќе паднат, а после следуваат сериозни економски процеси , следува процес на оварање на шенген зоната што е најзначајно и за нашата трговија така да прашањата од таа област беа во прв план , имаше одредени заклучоци поврзни со земјите од Западниот балкан и од гледна точка на некоја европска извеснот, наведување на одредени приорите каде што има слабости поврзани со владеење на правото, високата корупција и ние си ги знаеме проблемите затоа што кај нас се на високо ниво, вели Муцунски.

Тој додава дека дефитивно за нас беше разочарување што немаше некоја дополнителна потврда односно се надеваме на што попозитивен исход.

-Станува очигледно дека преку тој заклучок начинот на кој што е формулиран но не сме умуни на прес конференцијата која што следеше на Борисов дека тоа билателарно прашање веројатно ќе биде значајно во врска со македонскиот напредок на патот кон членство во ЕУ, нешто кое ние подолго време го зборуваме, а тоа е дека попустливата надворешна политика од последните три години не доведе до оваа ситуација во која што сме, а ноторен факт станува и тезите на СДСМ дека се решени сите отворени прашања со соседите. Благ збор ќе искористам дека во 21 е чудно да се отвара тема на јазик,на историја. Една работа која не се напомена, а го има во тоа мислење дадено од бугарската влада е прашањето за македонското малцинство во Бугарија односно како Македонија ќе се однесува кон своето малцинство надвор од своите граници. По мене таков тип на прашања не соодвестуваат со тие цивилациски вредности на 21 век, истакна Муцунски.

Последни новости