fbpx

Вести

Трајанов до СДСМ: Не е само Шар Планина да ја прогласите за национален парк, туку како истиот ќе се финансира, предвидените средства се значително мали

„Пред нас е предлог закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од категоријата два, а тоа се национални паркови. Пред нас е прво читање на законот, значи ова е утврдување на потребата од носење на оваа законска материја, што значи дека ќе имаме и второ читање каде што покрај коментарите ќе можеме да интервенираме и со амандмани со цел да го подобриме текстот“, истакна Здравко Трајанов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“, на собраниската седница.

Трајанов додаде дека националните паркови и заштитените подрачја се гордост на една држава, висок еколошки дострел за зачувување на животната средина. И секако најголемиот услов е големиот туристички потенцијал кој го овозможуваат националните паркови, и промоција на секоја држава во очите на љубителите на природата.

„За жал факт е дека до сите досегашни документи кои се донесени не се опфатени негативните аспекти околу оваа проблематика. Ставањето на проблемот под тепих не води кон решавање на проблемот. Ние како Собрание мораме одговорно да разговараме за сите проблеми во однос на било која проблематика особено кон ваква осетлива проблематика прогласување на национален парк. За тоа што ако не ги отвориме сите проблеми, можните несакани дејства, проблемот нема да се реши сам по себе. Едноставно ќе се мултиплицира, а во дадена ситуација може да дојде и до ескалација на проблемот. Основна перцепција е дека уништувањето на природата во Шар Планина настанува од следниве проблеми: неконтролирана енормна нелегална сеча на дрва, константно проширување на урбанистичкиот опфат, градење на нелегални објекти по целиот простор на Шар Планина. Проблем на овој простор за кој алармираат невладините организации се силниот наплив на изградба на мини хидроцентрали, за тоа што за да изградите мини хидроцентрала вие морате да направите пристап до таа мини хидроцентрала, а и градбата на самиот објект ја удира природата односно животната средина“, рече Трајанов.

Трајанов исто така истакна дека предвидените финансиски средства за профункционирање на националниот парк се значително мали. Потребно е да се знае како ќе се финансира овој национален парк, не е само да се прогласи едно место за национален парк, а да не се знае од каде ќе црпи финансиски средства.

 

Последни новости