fbpx

Вести

Петрушевска: Домот на демократијата беше погазен од владејачкото мнозинство и Џафери, поради тоа треба да одговараат пред законот

„Кривичните пријави беа поднесени во текот на вчерашниот ден и тоа до Јавното обвинителство, бидејќи ние како пратеничка група цениме дека овој дом на демократијата, домот на граѓаните навистина беше погазен токму тој ден. За жал граѓаните сведочеа на многу непријатно сценарио, скапо сценарио би рекла. Заради тоа што сите тие очекуваа едно поодговорно однесување. Имено, ние денеска дискутираме или сведочиме повеќе за партократија и автократија, отколку за демократија, и од тука цениме дека Уставот кој што е највисок акт во државата по кој што ние како Собрание работиме, беше прво погазен и дополнително беа законите“, појасни Марија Петрушевска, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Петрушевска додаде дека пратениците треба да бидат пример како треба да се работи според Уставот и законите, но за жал тоа не може да се види и од страна на владејачкото мнозинство кои секојдневно го кршат Уставот и дополнително законите.

„На самиот протокол на кој што се повикуваат, тој протокол алудира односно предвидува лица кои што имаат симптоматологија на КОВИД но не и позитивни лица. Но повторно потсетувам дека тоа е подзаконски акт, а нашата работа е потврдена согласно Уставот и Деловникот и од тука цениме, односно овој случај е предаден на органите на судската власт“, рече Петрушевска.

Петрушевска посочи дека органите на судската власт треба за овој случај да постапат според законите, и да се казни овој чин што се случи во неделата.

 

Последни новости