fbpx

Вести

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ укажуваше дека 32-рата седница беше како останатите, таа можеше да почека, приоритет требаше да се петтиот сет на мерки

„Во четвртокот додека се одвиваше 32-рата седница Џафери влезе со некое нерационално барање во текот на попладневните часови, да завршиме со 32-рата седница, да ги изгласаме законите почнувајќи од 32-рата седница иако немаа кворум, и да продолжиме после 18 часот со 36-тата седница. Наше барање и наш приоритет беше дека барањето на граѓаните е пакетот мерки. Значи 32-рата седница и седници како 32-рата имаа 20 незавршени и можеа да почекаат“,појасни Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во радио Лидер.

Мицевски додаде дека Џафери не го послуша барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно дека имаа некој заеднички план и неколку дена медиумски да ја напумпаат јавноста дека се кочи петтиот пакет на мерки, за да можат да го извршат и она што на крај го направија. А, тоа е да го скршат и Уставот и законите, но и Деловникот на Собранието и да донесат позитивни луѓе во Собранието“, рече Мицевски.

Мицевски посочи дека во 32 седница имаше неколку закони меѓу кои и за јавни набавки, во кој во еден член се менува можноста да може 100% да се исплаќа авансно во случаеви поврзани со КОВИД-19 при договори во четири очи. А, тоа значи дека она што се случуваше во изминативе неколку месеци, а немаше законско решение како набавка на вакцини сега е легализирано.

 

Последни новости