fbpx

Вести

Мицевски: Јас како координатор барав да се забрза процедурата околу петтиот сет на мерки, но очигледно власта немаше пари, Буџетот беше празен

„Поради тоа што петтиот пакет на мерки е недоволен  и не ги опфаќа сите категории на граѓани, за тоа ни се случуваат и сите тие протести кои што ги има секојдневно пред Влада, како и многу други структури односно и фели во стопанството. Петтиот пакет на мерки власта го најави на почетокот на февруари. Петтиот пакет на мерки на Влада им помина на 16-ти февруари. Законските решенија, трите закони кои што влегуваат во петтиот пакет на мерки во Собрание пристигнаа на 19-ти февруари. И до вчера до денот на изгласувањето на петтиот пакет на мерки поминаа два месеци. Што се случуваше во меѓувреме? Значи прв пат на седница беа закажани за 21 март. Тие беа повеќе од месец дена пристигнати како материјали во Собранието, но не беа ставени на пленарна седница“, појасни Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во радио Лидер.

Мицевски додаде дека се доцнеше со петтиот пакет на мерки бидејќи власта немаше пари за да исплати.

„Немаа пари за тоа се чекаше. Ја чекаа еврообврзницата од 700 милиони евра за да можат дел од тие минимални средства да ги исплатат на граѓаните“, нагласи Мицевски.

Мицевски посочи дека трите закони од петтиот пакет на мерки на седница беа ставени со многу други закони на дневен ред.

„Јас како координатор на пратеничката група побарав да се одвојат пакетот мерки закони од другите за да се забрза процедурата“, рече Мицевски.

 

Последни новости