fbpx

Вести

Срамно е Собранието да не покаже капацитет да решава проблеми кои се однесуваат за граѓаните

 Пратениците се делегирани во Собранието да работат за граѓаните и да нудат решенија, а не да прават непотребен политички спектакал и театар. Сакам примарно да ја информирам јавноста дека Претседателот на Собранието и мнозинството по секоја цена синоќа не дозволуваа да се оддржи седница за петтиот пакет економски мерки. Седницата упорно не ја отвараа, точките упорно не ги ставаа на дневен ред, изјави денеска за медиумите, Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во овој момент нема побитен закон и поголем приоритет од економските мерки. Затоа е апсолутно нејасно зошто синоќа се правеше се за да не се отвори таква Седница. Слушнавме само изговори зошто не се отвара таа седница, но ниту една причина не беше поврзана со деловникот на Собранието. Синоќа не слушнавме ниту еден разумен аргумент зошто не се отвори седницата со петтиот пакет мерки. Услови за таква седница има, и време е таа седница конечно да се закаже и оддржи.

Муцунски вели дека срамно е Собранието да не покаже капацитет да ги решава проблемите.

– Собранието не смее да биде вакво. Собранието не смее да има ваков однос спрема граѓаните и компаниите. Собранието не смее да остане заглавено во дневната политика на штета на граѓаните и компаниите кои сеуште ја чекаат насушно потребната економска помош, рече тој.

Тој посочи дека тие како пратеничка група нудат решение.

Последни новости