fbpx

Вести

Пандов: Народот нафта не пие, хонорарците земале огромни пари за да пишуваат навредливи статуси за опозицијата

Списокот за хонорарци во Влада не е цел список даден, неколку имиња фалат. Зошто? Можеби поради нивната звучност на имињата. Меѓутоа претседателот на СДММ да е ставен на паушал односно на хонорар и ние тројца да го плаќаме тука е срамота, истакна Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ при своеото гостување во емисијата „Само вистина“.

Пандов запраша- зарем не е срамота син на Самка Ибраимоски да е дел од хонорарците во Влада.

„Најдиректно чепкале пари од Буџетот на Република Македонија, преку скриени хонорари. Син, сестра, брат на пратеници, на директори па дури и претседателот на нивната младинска организација им е на паушал ставен. Што повеќе од ова да се говори“, подвлекува Пандов.

Посочи дека единствена обврска на овие луѓе кои се на листа на хонорари им е да пишуваат статуси и да ја плукаат опозицијата.

„Која е на Петрит Сарачини улогата? Па, да го плука ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. И мене вечерва ќе ме плукаат по социјалните мрежи. Тие се ботови, и тие земаат огромни суми на пари“, рече Пандов и укажа дека има и еден лик кој што добива награда 100.000 денари на МОЈДДВ и е на список да зема хонорар од Влада.

-Тоа не е случајно. Народот нафта не пие. Дури и секретарка на Генерален секретар е на платен список. Зема плата за секретарка и плус е ставена на паушал. Зошто, запраша Пандов и додаде дека ова е тотален неморал, криминал и корупција.

Последни новости