fbpx

Вести

СДСМ секојдневно и приредува срам на цела нација, Македонија стана земја позната низ светот во однос на корупција, криминал и дрога

На денешната седница на Собранието на Република Македонија во однос на националната стратегија за спречување на корупцијата се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој се осврна на материјата предвидена за седницата и образложи зошто е неопходна национална стратегија за спречување на корупцијата во Република Македонија.

Стојаноски потенцираше дека при крајот на 2016-та година и почетокот на 2017-та година, односно кога СДСМ доаѓало на власт, индексот на корупција бил далеку помал од денешниот. Тој додава дека е неблагодарно и несериозно СДСМ да зборува за спречување на корупција, а истовремено таа да царува во власта, како и кај блиските соработници на Заев. Стојаноски вели дека во 2017-та година Македонија била на 90-то место по индексот на корупција, а оваа година е на 111-то место по Транспаренси Интернешнал, што говори за пад од 21 место, односно зголемување на корупцијата.

Стојаноски вели дека националната стратегија треба да се донесе, но исто така истата да придонесе за превземање на чекори кои ќе вродат со плод по донесувањето на стратегијата, а да не биде само клише напишано во прирачниците како би требало да функционира една национална стратегија против корупцијата. Тој вели дека за лошата ситуација во однос на корупцијата е исклучиво виновна владината гарнитура и никој друг, бидејќи само за изминатата година државата паднала за дополнителни 5 места во однос на корупцијата.

“Овие бројки не се комуницирани и пласирани од опозицијата, ниту пак опозицијата е виновна што бројките се такви. Овие бројки се директно пласирани од Транспаренси Интернешнал и тука нема што да се додаде. Мене нема да ме зачуди повторно да префрлате дека опозицијата е виновна за се, но фактите говорат нешто сосема друго. Граѓаните секојдневно имаат прилика да се уверат каква криминална банда ја води државата. Секојдневно се среќаваме со низа коруптивни скандали низ призма на тендери, провизии, владини хонорари, трговија со дрога и уште многу работи кои се синоним за вашето владеење. Американската ДЕА која што се зафаќа со големи коруптивни скандали поврзани со дрога, дочекавме да реагира за мафијаши и трговци со дрога во нашата земја, кои што се блиску поврзани со фамилијата Заеви. Ете тоа е вистинската слика за корупцијата во државата. Ова е голем срам за целата земја, срам кој што го приреди СДСМ и власта”, истакна Стојаноски.

Замислете, ДЕА работела на случаи од типот на Пабло Ескобар, а сега работи на сличен случај со иста содржина, но овој пат инициран од началникот на СВР Прилеп, кој директно е инволвиран во случајот со трговијата со дрога. Треба да биде јасно и да се знае дека во Република Македонија граѓаните треба да ја согледаат реалноста и да сфатат какви луѓе речиси 5 години раководат со земјата. Граѓаните треба да знаат дека овој мрак кој што се случува во државата е рефлексија на работењето на Владата и СДСМ изминатите години. Корупцијата најпрво треба да престане во партиските штабови на СДСМ, а дури потоа и насекаде низ државата. Со вакви примери, Република Македонија не може да ја очекува светла иднина, заврши Стојаноски.

Последни новости