fbpx

Вести

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека Собранието не може да се врати се потврди и со денешната одлука од Уставниот суд

Вечерва во вестите на Канал 5 свое вклучување имаше Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за состанување на Собранието се потврди до денешната одлука од Уставниот суд.

Претпоставувам дека сите политички случувања ќе бидат ставени на маса на лидерската средба. Но ние сакаме да инсистираме на сите оние погубни политики кои што се случуваат особено оние кои што се од национален интерес. А, слушаме многу разни коментари во врска со ставови на Бугарија и случно, појасни Мисајловски.

Мисајловски додаде дека се очекува дневниот ред и сите ќе бидат известени што ќе се разговара на лидерската средба.

Денес Уставниот суд начелно кажа дека нема уставна можност како тоа да се врати Собранието, значи мора да има нови избори за да се врати Собранието во состав односно нови пратеници. Ние тоа го говоревме постојано но веќе имаме и одлука од Уставниот суд така што останува само кога ќе се одржат изборите, нагласи Мисајловски.

Мисајловски потсети дека и на првата лидерска средба врвни имиња од правната фела говореа за Собранието дали може да се состане и од таму излезе заклучокот дека не може да се врати, односно се потврди и денеска тоа со одлуката од Уставниот суд.

 

Последни новости