fbpx

Вести

Не знам како може да преговара владата за тоа што бил Гоце Делчев, па врз него ние ја изградивме нашата држава, тој не е за преговори

Јас не можам да разберам да раговараме и да преговараме што бил Гоце Делчев и не можам да го разберам претседателот на нашата држава кој што вели дека Гоце Делчев бил Бугарин. Ние државата ја темелиме на тоа име, тоа не е за разговори, тоа не е предмер на преговори. Гоце Делчев е државата Македонија. Тоа е исто како да им кажете на Турците што бил Кемал Ататурк. Тоа се работи за кои што не се разговара. Ова држава постои за тоа име, сме го избрале како народ тоа име и сме ја формирале оваа држава, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емсијата „Заспиј ако можеш“.

Мицкоски во своето гостување порача дека никој не може да го убеди дека Гоце Делчев бил нешто друго поинакво од Македонец.

-Роден сум така, воспитуван, сум го учел тоа, сум служел војска за оваа држава, луѓе гинеле за оваа држава за тоа име. Тоа име ние го имаме во нашата химна, додаде Мицкоски.

 

Последни новости