fbpx

Вести

Избори во јуни или јули се здравствен ризик за граѓаните, секое брзање во ваква ситуација значи свесно туркање на партискиот интерес

Треба да се донесе решение за избори, во датум кој што нема да претставува здравствен ризик за популацијата во Република Македонија. Организирање на избори во текот на јуни или јули се здравствен ризик за граѓаните, изјави Антонијо Милошоски на Топ Тема на Телма.

„Доколку некој смета дека е политички опортуно да организира избори во јуни, треба добро да размисли дека со тоа создава доплнителен здравствен ризик. Во време кога се уште владее и вознемиронста но гледаме, за жал и здравствени последици за граѓаните, некои за жал починати, некои заразени, а голем дел претпазливи, затоа сметам дека секое брзање во ваква ситуација значи свесно туркање на партискиот интерес пред здравствениот интерес на граѓаните.“ истакна Милошоски

Во однос на иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието Милошоски вели дека владата на СДСМ е свесна дека има злоупотребено дел од законодавната моќ и повторното свикување на Собранието би им служело како параван тие одлуки после извесна дебата да ги озаконат.

„Тоа е политичкиот трик на на СДСМ, да се свика Собранието спротивно на одлуката за самораспуштање за да можат сите донесени уредби со законска сила за време на вонредната состојба, кои според мене добар дел немаат допирна точка со вонредната состојба за да се озаконат.“ вели Милошоски

Тој истакна дека и да се со времен карактер уредбите тие и според Венецијанска комисија, според европското право и според нашите закони и два месеци да трае уредба, таа мора да е врзана со вонредната состојба

„Вие  не можете да кажете дека уредбата за неисплатени плати врз основа на договор за дело на одредени рваботоени службеници во СЈО дека има врска со вонредната состојба.  Нема никаква врска“ нагласи Милошоски.

Милошоски додаде дека ако СДСМ беше загрижена за демократијата ќе ја поднесеше иницијативата на 19 март, а не 35 дена покасно.

„Вонредната како таква беше прогласена на 18 март и ако СДСМ беше загрижена дека Собранието истата треба да ја потврди ќе ја поднесеше оваа иницијатива на 19 март. Со калкулирањето 35 дена да се чека се гледа намерата дека оваа одлука е политичка а не правна,“ нагласи Милошоски.

 

Последни новости