fbpx

Вести

Најголемиот дел од политичките партии и претставниците на меѓународната заедница се за избори тогаш кога пандемијата ќе биде неутрализирана

 Во вечерашното издание на дебатната емисија “Отворено студио” на 24 Телевизија гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој зборуваше за пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, справувањето со здравствената и економска криза, како и одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Јанушев вели дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имале канал на комуникација преку кој сакале да постигнат некаков договор кој би бил од интерес и на партиите и на граѓаните, но за жал до тоа не дошло поради СДСМ кои дефинитивно сакаат изборите да се случат во најбрз рок, односно на почетокот на јули.

-Претставниците на меѓународната заедница се поклопуваат со мислењата и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека несомнено избори мора да има, но исклучиво тогаш кога здравјето на граѓаните нема да биде ставено на ризик. Празните флоскули на Заев за бетониран датум паѓаат во вода, затоа што ние сме сериозна политичка партија и сериозни политичари, и не е во ред да ги ставаме партиските интереси пред интересите на граѓаните, вели Јанушев.

Вели дека организирање на предвремени парламентарни избори не e мала работа.

-Постојат над 3000 избирачки места на кои има по неколку претставници на политичките партии, ДИК и останати набљудувачи кои се директно изложени на ризик. Тие целиот ден ќе треба да бидат во контакт со многу луѓе кои сакале или не ќе бидат во близок контакт со нив. Граѓаните заслужуваат сериозен пристап кон оваа пандемија и ние сме должни да го обезбедиме тоа, заврши Јанушев.

Последни новости