fbpx

Вести

Иако теренските активности на СДСМ резултираа со заболени внатре во партијата, тие сепак притискаат за брзи избори

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Отворено студио” на 24 Телевизија гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој зборуваше за пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, справувањето со здравствената и економска криза, како и одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Според Јанушев, избрзувањето со организирање предвремени парламентарни избори може само да доведе до зголемување на бројот на новозаболени и за жал починати граѓани.

-Гледаме дека во СДСМ за жал има заболени од корона вирусот, некои се и во самоизолација поради превентивни мерки. Тоа укажува на сериозноста на ситуацијата. Не сакам луѓето да мислат дека се ситам поради тоа што се случи во СДСМ, но факт е дека бројот на заразени во партијата се зголеми тогаш кога СДСМ излезе на терен помеѓу граѓаните и организираше партиски состаноци. Тоа не смееше да се дозволи, вели Јанушев.

Вели дека принудувањето на граѓаните да излезат на гласање во вакво време е еднакво на злостор.

-Некој ќе треба да одговара доколку се случи нешто несакано. Зарем толку се важни тие неколку денови кои се лицитираат како датуми за изборите, а не се важни животите на граѓаните? Договор ќе се постигне, избори ќе има, но до тогаш ќе работиме сите во служба на граѓаните и нивното здравје, заврши Јанушев.

Последни новости