fbpx

Вести

Филипче и неговиот тим лошо ја менаџираат ситуацијата со коронавирусот и носат политичко – избрзани проценки

Министерот Венко Филипче и неговиот тим, според актуелниот кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски, многу лошо ја менаџира ситуацијата со коронавирусот. Тимот носи политичко – избрзани проценки за да се одржат брзи парламентарни избори, на кои многу луѓе своите животи ќе си ги доведат на коцка, дециден е Дурловски.

Инаку според Дурловски зборот патриот во последно време е многу експлоатиран збор и на некој начин дел од луѓето сакаат да го испоганат.

– Но, незнам најверојатно човек – патриот се раѓа. Еве пример ми е едниот син од трите деца, кој многу емотивно ги сфаќа и прифаќа работите за Македонија. Неколку години живеевме со семејството во странство, и кога се вративме тука во Македонија наместо да живееме лагоден живот кој сме го планирале, настана хаос. Без поддршката од семејството, сопругата и најблиските јас не би го изодел овој пат, барем во тој судско-обвинителски свет. Јас и сопругата и покрај големите можности и ангажмани во странство ете се решивме во Македонија да твориме и живееме, изјави поранешниот директор на МОБ Игор Дурловски во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Последни новости