fbpx

Вести

Голема е веројатноста за блокада од Бугарија, а власта не сака национален консензус по тоа прашање

 За преговорите со ЕУ неопходен е консензус со оглед дека за време на преговарачкиот процес може да бидат променети повеќе владејачки гарнитури, но засега власта нема побарано експертска помош од опозицијата, иако како партија имаат капацитет да помогнат во многу сектори, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за вестите на Сител телевизија.

-Преговарачкиот процес е процес кој бара експертиза во разните аспекти на поглавијата кои се преговараат согласно новата методологија Има импут експертски кој што нашата политичка партија може да го даде, ние сме го кажале тоа и во минатото, тоа е процес кој што бара пред се континуитет и тој долгорочен пристап треба да смета и на власта и на опозицијата независно од тоа како ќе се случуваат промените во нашето општество и тоа е процес кој ќе трае подолг период, истакна Муцунски.

Според Муцунски загрижува фактот што Македонија во текот на преговорите може да доживее нова блокада, овој пат од Бугарија, а државата по ова прашање нема постигнато единствен став иако имаше доволно време.

-Сметаме дека нема никаква целисходност и потреба во овој момент да се разговара со преговарачка рамка која што не е конечна и не е дефинитивна. Треба да видиме каков ќе биде импутот на земјите членки, и тоа што нас не загрижува е дефинитивно дека постои голема веројатност да се наметне нов билатерален спор врз Република Македонија, од нашиот сосед Бугарија. Тука требаше да имаме национална стратегија и консензус, за жал тоа изостанува и ВМРО-ДПМНЕ е многу загрижено каква може да биде траекторијата на нашиот евроинтеграциски пат од таа гледна точка, потенцираше Муцунски.

Последни новости