fbpx

Вести

Андоновски: Филипче многу лошо ја менаџира состојбата со корона вирусот

Според сите параметри Македонија е на дното според направени тестови само во Албанија и Бугарија имаат полоши резултати од нас. Македонија има огромна смртност на еден милион жители и се наоѓа во групата н 26 земји во светот кои имаат најголема смртност на еден милион жители. На апсолутниот врв сме по ново заразени, и не може никој да ми каже дека Филипче добро ја менаџира состојбата. Во клучен период кога ние имавме развој на настаните Филипче ангажира тестирања од 100 луѓе на ден, се тестираа само 100 луѓе на ден. Најверојатно имало проблем со алгоритмите, што ако ги нападнете нив тие се вадат на алгоритмите што пак се нивни производ и очигледно нешто не беше во ред, истакна Стефан Андоновски, советник на претседателот Христијан Мицкоски за надворешна политика во своето гостување во „Само Вистина“

Андоновски во своето гостување потсети дека уште од првата недела комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ предложи мерки како да се справиме со кризата.

-Уште првата недела повикавме на економски мерки за заздравување на економијата. Повикавме на брзо наоѓање на заем од ЕУ од странски кредитори затоа што парите уште тогаш рековме дека ќе станат скапи и што ни се случи денеска. Земавме евро обврзница треба да плаќаме 150 -170 милиони евра камата на таа еврообврзница. Владата на СДСМ не ги прифати мерките, препораките кои ВМРО-ДПМНЕ во тоа време кога ги даваше, додаде Андоновски.

Последни новости