fbpx

Вести

Немаме успешно справување со корона кога сме рекордери по бројот на загубени животи

 Едно е што мисли власта, а друго е што говорат бројките. Ние немаме успешно справување со кризата кога сме рекордери во регионот по починати лица на милион жители, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостувањето на телевизија Клан.

-Денес имаме нови дваесет и неколку заболени лица, вчера имавме 37 новозаболени. Додека земјите во регионот Словенија, Хрвтаска, Црна Гора или бројат во деноночие едноцифрена бројка или немаат заболени на дневно ниво. Тоа се мерливи бројки, ова е видлива работа, посочи Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека не работата некој да излегува секој ден во јавност и да кажува дека е добро.

-Не е работата да излегувате по медиуми и да мислите колку вие ја раскажувате вашата приказна истата ќе ја прифатат граѓаните, изјави Мицкоски.

Последни новости