fbpx

Вести

ДИК достави мислење каде што јасно пишува дека им се потребни од 35 до 50 дена за спроведување на избори

 Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев гостуваше во емисијата „Детектор“ каде што посочи дека ДИК има доставено мислење дека им се потребни минимум 35 до 50-тина дена за да се подготват за избори.

-Мислењето на ДИК не е е мислење на еден човек таму кој што можеби не инклинира или симпатизира одредена партија. Ова мислење не е мислење направено од еден човек, ова мислење врз основа на сите членови на ДИК кој што го имаа состанокот со претседателот Пендаровски. Впрочем и самово мислење почнува вака – „Согласно заклучокот од нашиот заеднички состанок одржан на 13-ти мај 2020 година, а за потребите на организирање и спроведување..“ продолжува натака, а адресирано е до претседателот на државата, појасни Јанушев.

Јанушев додаде дека сите од ДИК без разлика кој од која партија е предложен биле кај претседателот на државата, разговарале и заклучиле дека им се потребни 35 до 50-ти дена за да се подготват за избори.

-Во мислењето се предвидени и изборните дејствија дадени со рокови кои што им се потребни како минимални и максимални рокови за да можат да се спроведат изборите. Минималниот рок овде е 35 дена, а максималниот е некаде околу 50-тина дена. За на крај да укажат, односно да го донесат како заклучокот од заедничкиот состанок дека – „На крајот ви укажуваме дека согласно погореизнесеното е невозможно да се организира гласање во преостанатиот рок од 22 дена“. Понатаму, – „На ДИК треба да и се овозможи да преземаат дејствија и активности и за време на важењето на вонредната состојба. Како и ставање на располагање на потребите на потребните финансиски, човечки и технички ресурси“, прочита Јанушев.

Јанушев запраша зошто ова го бара ДИК.

-Бидејќи во Уредбата е напишано во членот 5 дека – „Спроведувањето на изборните дејствија ќе продолжат од денот на престанокот на вонредната состојба“. Додека во претходниот член 4 пишува – „Се задолжува ДИК да ја обезбеди и чува постојаната изборна документација до продолжување на спроведување на изборните дејствија и изборите“. Што значи кога ја носеле оваа Уредба за која им рековме да не брзаат бидејќи не се консултираа со никого и дека ќе направи дополнителни проблеми не не послушаа. Изгласаа на Влада, нагласи Јанушев.

Последни новости