fbpx

Вести

Ако планираат да oдат на 21 јуни на избори на сметка на граѓаните со среќа да им е

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при своето гостување во „Отворено Студио“ посочи дека Македонија има најлоши резултати во справување со корона кризата затоа не треба да се брза со избори. Ако Заев сака да оди по секоја цена на избори нека му е со среќа, ВМРО-ДПМНЕ не сака да загрози живот и здравје на граѓаните.

„Беше спомнат примерот со Хрватска и добро е што се спомна затоа што има суштинска разлика помеѓу нас и Хрватска. Но и помеѓу Македонија и сите останати земји од регионот, а тоа е дека Македонија најлошо се справува со корона кризата од целиот регион. На пример во Хрватска во изминативе два дена има само 4 нови случаи, а од 14 мај до денес има вкупно 7 случаи и воопшто немаше вонредна состојба. Значи за два дена имаат 4 случаи, а од 14-ти мај до денес 7 нови. Значи во просек има еден кома нешто случаи дневно. Македонија за два дена има 47 случаи, а во изминативе седум дена има 165 нови случаи. Значи 47 во Македонија, 4 во Хрватска. 165 во Македонија за седум дена, 7 во Хрватска“, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека овие податоци покажуваат сериозна разлика, бројот на тестови на еден милион жители е 10.682, а бројот на тестови во Хрватска е 13.583 значи и повеќе таму тестираат отколку овде.

„Дај боже да ние бевме во иста ситуација како Хрватска денес да имаше еден или два случаи, а да немаше 27 нови случаи. Дај боже ние денеска да немавме мртви ама ние денес имаме два нови мртви. По бројот на мртви на милион жители така се водат просеците, Македонија е најлоша во регионот. Македонија на милион жители има 51 смртен случај, Грција има 16, Хрватска има 23, а Србија има 27. Значи дупло сме во регионот, а некаде и 2.5 пати што зборува колку лошо властите во Македонија се справуваат со здравствениот аспект на кризата. А, за економскиот не сакам ни да зборувам“, истакна Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за избори и утре доколку знае дека нема да има вакви бројки како што има денес, а да има слични бројки како Хрватска. А, Хрватска и со вакви бројки размислува за 5-ти или 12-ти јули, а Македонија со ваков резултат односно Заев притиска за 14 или 21 јуни.

„Ако планираат да идат на 21 јуни на избори на сметка на граѓаните со среќа да им е“, нагласи Николоски.

Последни новости