100 дена лаги, неспособност, хаос и понижување.

100 дена лаги, неспособност, хаос и понижување. 

100 дена партизација, кадровски дебакл, незаконско работење и уривање на институциите. 

100 дена укинување и блокирање на проекти, економско тонење, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези. 

Ова е тоа што го трпеше Македонија и граѓаните на Македонија изминативе 100 дена.

Ова е тоа што Зоран Заев на денешната негова прес конференција полна со полувистини и голи фрази, свесно го премолчи. Ова е резиме на начинот на кој што СДСМ владее. 

Незадоволни земјоделци, разочарани пензионери, прелажана младина, издадени национални чувства и национално достоинство, бизнис заедница и синдикати ставени на маргините, заборавени работници, и ниту еден, повторувам ниту еден одржлив, сериозен, поголем, суштински проект кој ќе даде надеж кај било кого дека барем нешто ќе биде добро со оваа власт. 

Нашите граѓани заслужуваат подобро! Нашите граѓани сакаат подобро! 

И може многу подобро од ова!

НИКОЛА ГРУЕВСКИ - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ