Услови за користење

Секој корисник на vmro-dpmne.org.mk со самата посета на овој портал, без никакви ограничувања се согласува со условите за користење и на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, одстапува целосни права да ги менуваат условите во било кое време без предвремено известување. Изменетите услови ќе стапат во сила откако ќе биде истакнато јавно известување.

Некои од понудените сервиси на vmro-dpmne.org.mk можат да бидат достапни под услови кои се различни од општите услови за користење, а со нивната употреба секој корисник се согласува и со дополнителните услови за користење. Доколку таквите услови се во директен конфликт со општите услови за користење, во конфликтните ситуации во сила стапуваат условите за користење на дополнителниот сервис.

Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ги има правата на своја дискреција да ги преземе следниве постапки без претходни известувања:

  • Да забрани, измени, суспендира или откаже пристап до било кој дел од vmro-dpmne.org.mk на било кого.
  • Да одбие, измени или избрише било каков материјал кој е објавен или испратен на vmro-dpmne.org.mk
  • По своја волја да забранува и ограничува пристап кон vmro-dpmne.org.mk без претходни известувања.

Вие се согласувате дека нема да го третирате vmro-dpmne.org.mk како одговорен доколку бидат преземени било кои од споменатите постапки.

Со користењето на сајтот се согласувате дека нашите услуги можат да вклучуваат и дополнителни комуникации како најави на нови сервиси и администативни пораки од Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ или пак некој од нашите партнери и целосно се согласувате дека таквите комуникации ќе ги третирате како дел од нашите услуги. При испраќањето на вакви комуникации, Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да вклучи во нив и маркетинг материјал.

Содржина

vmro-dpmne.org.mk има разновидна содржина создадена од наши автори, партнери, корисници или надворешни соработници. Сите материјали објавени на нашиот сајт, вклучувајќи текстови и каде што е прикладно слики, графики, илустрации, знаци, логоа, звуци, видео клипови, се заштитени со авторски права, права на заштитни знаци или права на интелектуална сопственост.

Вие ги немате правата да ги изменувате, јавно објавувате (освен за едукативни цели), дистрибуирате, продавате, или на било кој начин искористувате овие материјали во целост, без претходна дозвола од Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавување на наши текстови

Доколку сте сопственик на сајт кој служи за комерцијални цели или пак сте дел од медиум или некој друг проект и сакате да објавите текст претходно објавен на vmro-dpmne.org.mk  треба да ги почитувате следниве неколку услови:

  • Не е дозволено објавување на целосен текст во медиум, проект или сајт кој служи за комерцијални цели без претходна дозвола од Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ. Во случаи на референца, дозволено е објавување на 10% од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до материјалот на vmro-dpmne.org.mk.
  • Доколку медиумот не служи за комерцијални цели, дозволено е објавување на целосниот текст, но притоа задолжително треба да се објави името на авторот доколку присутно и линк до www.vmro-dpmne.org.mk (или конкретниот линк од текстот).
  • Доколку сакате да објавувате повеќе од 10% од текстовите за комерцијални цели, контактирајте со Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ и информирајте се како да добиете официјална дозвола за објавување на целосни текстови. Наведените услови важат и за објавување на содржини овозможени преку RSS каналите на vmro-dpmne.org.mk.

Вашите права, легални обврски и ограничувања

Вие се обврзувате при секоја регистрациска форма објавена на порталот да доставувате точни и комплетни информации. Доколку има било каква промена во врска со вашите информации, вие се согласувате дека навремено ќе ги измените или ќе не известите. Сите информации кои ќе ги добиете од наша страна во врска со вашиот профил или претходно доставените информации, можат да бидат доверливи и ве советуваме да не ги откривате или доставувате на никого.

Вие самите сте одговорни за интегритетот на вашите кориснички имиња и лозинки и доколку забележите било какви сомнителни дејствија во врска со истите, пожелно би било во најбрз можен рок да нė известите на нашата контакт електронска пошта.

Вие ги немате правата да користите туѓи кориснички имиња или лозинки или да собирате информации за останати членови, посетители или пак авторите на vmro-dpmne.org.mk.

Без никакви ограничувања, со користењето на порталот и сите негови сервиси се согласувате дека нема да го користите vmro-dpmne.org.mk за омаловажување, малтретирање, следење или за било каков сличен чин со кој ќе ги нарушите моралните или правните права на другите посетители и членови. Исто така се согласувате дека нема да објавувате, препраќате или изменувате содржини со цел да истакнете некултурни, навредливи, непристојни, омаловажувачки или било какви материјали кои ги нарушуваат законите.

Вие немате никакви права да препраќате или на било кој начин пренесувате вируси, фајлови со нарушен интегритет или било какви други злонамерни кодови кои можат да нарушат нормално функционирање на нечиј систем или пак кои можат да ја нарушат приватноста на корисниците или vmro-dpmne.org.mk.

Дополнително се согласувате дека нема да пристапите во никакви нелегални активности и при користењето на порталот и сите негови сервиси. Исто така целосно се обврзувате дека ќе ги почитувате условите за користење.

Барања и забелешки

Доколку верувате дека некои од објавените содржини нарушуваат авторски права или интелектуална сопственост, или пак доколку имате било какви други барања/забелешки во врска со содржините или начинот на работа на vmro-dpmne.org.mk, слободно можете да стапите во контакт со Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе бидете контактирани за подетални информации (доколку се потребни) во најкраток можен рок.

Дополнителни информации

Без никакви ограничувања се согласувате дека од активности произлезени при користење на овој сајт во случај на загуби, штети или било какви слични ситуации нема да ги држите како одговорни vmro-dpmne.org.mk, компанијата која е одговорна за порталот, сопствениците, уредниците, дописниците или било кои други соработници.

Vmro-dpmne.org.mk содржи сопствени содржини, но и содржини овозможени од други партнери, корисници и соработници.