fbpx

Тања Достинова Запрова

Тања Христо Достинова Запрова е родена на  04.06.1972 година во Струмица.

Магистрирала на Факултет за политички науки, отсек Европска и меѓународна дипломатија  во Скопје во 2013 година а дипломирала 1994 година на Дефектолошкиот факултет во Белград, отсек Специјална педагогија. Во 1993 г. дипломирала и Педагошка академија во Штип.  Автор е на учебник по предметот Дипломатско и конзуларно право на УГД-Штип со наслов ,, Дипломатска организација, дејност и професија,,

Од 2010 до 2017 е именуван функционер на Влада на РМ-директор на КПУ Затвор Струмица.

Член е на Извршниот комитет на Унијата на жени од 11/2020. Претседател на ОК УЖ Струмица од 27/02/2018 г. Потпретседател на ОК УЖ  од 2016-2018г. Претседател на 7ми МК УЖ од 2002-2004г.Член е на Општинскиот комитет Струмица во сите состави од 2007 година па наваму. Секретар на ОК од 2011-2015 г. Активен член на партијата од 1996 година. Мајка на две деца.