Проекти

Статус: Во тек

10.25% зголемување на плати во јавниот сектор

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политиката на зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.

Статус: Во тек

600 милиони евра поддршка на земјоделците и руралните средини

Во периодот 2017-2020 вкупно 600 милиони евра ќе намениме за развој на земјоделството и руралните средини.

Статус: Во тек

140 нови детски градинки

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградбата на нови детски градинки со кои ќе ги зголемиме капацитетите за околу 18.000 деца.

Статус: Во тек

100 милиони евра инвестиција во 3 подземни сообраќајници во Скопје

Заради конечно решавање на сообраќајниот метеж во главниот град и олеснување на сообраќајот за стотици илјади жители на Скопје, ќе изградиме 3 подземни сообраќајници.

Статус: Во тек

80% од трошокот за систем капка по капка и ископ на бунари

Ова претставува еден од најзначајните проекти за македонското земјоделство, кој ќе го спроведе Владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот четиригодишен период.

Статус: Во тек

80% покривање на трошокот за набавка на високо приносен добиток

Со цел мотивирање на сточарите за модернизирање на стадата со вакви грла, набавката на високоприносен добиток со генетски потеннцијал од познато потекло ќе се поддржи со покривање на 80% од трошоците од страна на државата.

 

Статус: Во тек

70.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се намали на 17%

Нашата цел е до крајот на 2020 година да ја намалиме невработеноста на 17%. Тоа значи дека во следните четири години во Република Македонија ќе се креираат околу 70.000 нови работни места.

Статус: Во тек

33 милиони евра - набавка на над 3.700 медицински апарати и опрема

Здравствената заштита на секој граѓанин во државата и континуираното унапредување на квалитетот на здравствените услуги е еден од врвните приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Статус: Во тек

20 милиони евра - годишна инвестиција во инфраструктурата на македонските села

За подобрување на условите за живот и одвивањето на економските активности во македонските села, од 2017 година ќе се издвојуваат по 20 милиони годишно до 2020 година.

Статус: Во тек

78 нови училишни спортски сали

Со проектот „Изградба и опремување на 145 спортски сали“, досега се изградени 60 сали, а уште 8 сали се во фаза на градба.

Pages