Проекти

Статус: Во тек

Ќе се изградат 100 нови градинки

Проектот за 100 нови градинки беше предвиден во „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните на предвремените парламентарни избори покажаа дека имаат доверба во програмата, потенцираше претседателката на Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Статус: Во тек

Охрид ќе добие марина и експресен пат до Пештани

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на предвремените парламентарни избори ја доби довербата од граѓаните на Република Македонија, па токму поради тоа денес сакам да укажам на делот на ветувањата кои ги дадовме во предизборната кампања и да потенцирам дека тоа се ветувања и проекти кои произлегуваат од реалната потреба на граѓаните, изјави Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ.

Статус: Во тек

Голем мултинаменски спортски комплекс ќе биде изграден во Битола

Како победник на предвремените парламентарни избори и предводник на новата влада на коалицијата за подобра Македонија веднаш ќе започне со реализација на проектите предвидени со програмата Реално, која доби поддршка од 450 илјади граѓани на Република Македонија, изјави Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Статус: Во тек

Реконструкција на ЈЗУ Универзитетска клиника „Св Наум Охридски“ Скопје

Активностите за реконструкција на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св Наум Охридски“ Скопје се во полн ек. Внатрешноста на болницата не била реконструирана повеќе од 80 години, токму затоа ваквата инвестиција е од голем бенефит за македонското здравство и пациенти бидејќи сериозно ќе се подобри квалитетот на целата болница.

Статус: Во тек

Во моментот се случува најголемиот инвестициски циклус во историјата на здравството

Во моментот се градат или реконструираат 10 болници во Република Македонија, а за таа цел се инвестираат 4.5 милијарди денари. Ова е најголем инвестициски циклус во историјата на здравството, кој во еден момент се спроведува во здравствена инфраструктура во повеќе градови низ државата, изјави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

Статус: Во тек

50% зголемување на социјалната и постојаната парична помош

ВМРО-ДПМНЕ во следниот мандат ќе ја зголемува постојаната парична помош за околу 10.6% годишно, или истата ќе биде зголемена за вкупно 50% во период од 4 години.

Статус: Во тек

10.25% зголемување на пензиите

Во наредниот мандат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10.25%.

Статус: Во тек

47 милиони евра, топлификација во Битола, Могила и Новаци

Со изградбата на систем за  топлификација на битолам Могила и Новаци значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во домаќинствата, јавните објекти и индустријата и дополнително ќе се намали емисијата на штетни гасови кои се резултат на процесот на согорување, а со тоа во голема мера ќе се подобри квалитетот на воздухот во преспанското езеро.

Статус: Во тек

24 милиони евра за модернизација на Ски Центар „Попова Шапка“

Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе изврши модернизација на скијачкиот центар „Попова Шапка“.

Статус: Во тек

21 милион евра, втора фаза на паркот на ветерници во Богданци

Ќе започнеме со реализација на ввтората фаза од паркот, преку дополнителна инсталирана моќност од 13 МW и годишно производство на електрична енергија од околу 36 GWh.

Pages